Србија заслужува да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави денеска српскиот вицепремиер Александар Вучиќ пред утрешното заминување во Берлин на дводневни разговори со германски официјални претставници.
Тој истакна дека Србија направила доволно во преговорите за нормализирање на односите со Косово и борбата против корупцијата, за да може да биде наградена со пристапните преговори.
Видливото и стабилно подобрување на односите со Косово беше поставено како главен услов за почеток на преговори на Србија за членство во ЕУ.
Посетата на Вучиќ на Берлин се совпаѓа со новиот круг од преговорите меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел, кој може да биде одлучувачки за аспирациите на Србија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни оваа година.