СДСМ: Нервозниот Мицкоски е дел од иста матрица на Груевски на етикетирање и приситсок врз медиуми, ќе го осуди ли Сиљановска неговиот настап?

Од:

Христијан Мицкоси на синоќешниот митинг повторно покажа дека е дел од матрицата на Никола
Груевски, матрица на притицоси врз медиуми и етикетирање на новинари, смета СДСМ.

Дел од таа матрица, додава СДСМ, е и Гордана Сиљановска кандидатката на Мицкоски која не се изјасни и не го осуди чинот на етикетирање и притисоци врз новинари и медиуми.

Дали Сиљановска ќе се огради и ќе го осуди ваквиот чин на Мицкоски, кој наиде на осуда и од
новинарската фела и од здруженија на новинари?, прашува СДСМ.

Соочен со слабата поддршка, соочен со извесниот пораз на изборите, Мицкоски станува се по
нервозен и во сите бара виновници за поразот што го очекува и на претседателските и на
локалните избори, заклучува СДСМ.