Општинската организација на СДСМ од Охрид ја исклучила од членство во партијата лекарката Јованка Точко, поради тоа што се кандидирала како носителка на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, објави порталот Охрид1.
Исклучувањето настапило вчера откако ОО на СДСМ се дознало дека Точко е носител на листата на советници на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, за претстојните локални избори.