[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]Уметникот Јован Балов од Прима Ценар Берлин ја врати наградата „Петар Хаџибошков“ која во 2011 година му ја додели Галеријата Остен. Балов влезе во Галеријата каде директорот Мице Јанкуловски не сакаше да го прими, а тој не сакаше да се соочи со него, по што ја остави статуетката.
Целото недоразбирање меѓу Балов и Галеријата Остен, според уметникот потекнува откако потпишале договор тој да биде куратор на 10 германски сликари, кои требало да изложуваат во Скопје.
Балов обезбедил 10 уметници, потпишал договор за курирање на изложбата со Остен, меѓутоа недоразбирањето настанало кога тој открил дека Музејот на цртеж, каде што било договорено да бидат изложувани делата, според него воопшто не постои. Како дополнителна причина Балов наведува дека во отворениот повик кој требало да го потпишат уметниците, стоело дека тие треба да ги остават своите дела во истиот музеј кој како што тврди Балов, никаде го нема во Скопје.
Тој ја врати статуетката затоа што со целата збрка според него бил нарушен неговиот авторитет и углед на берлинската сцена. Револтиран е и што во целата приказна, според него, портретот што тој го насликал за синот на директорот на Остен, бил оспорен. Балов, кој е познат по неговото реалиситичко сликање, вели дека го обвиниле дека го насликал портретот врз фотографија.
Дополнително, на Балов освен статуетка која ја добил за неговите уметнички достигнувања од Остен, тој обвинува дека никогаш не ја добил и финансиската награда од 5000. долари.
Обидите на Балов за координирање и соработка со Остен веќе подолго време биле игнорирани од страна на галеријата.
Почетокот на судирот меѓу уметникот и Галеријата кулминирал 2012 година во галериските простории на Југоисточно Европскиот културен центар во Берлин, каде што Јован Балов организирал ревијална изложба и презенатација на галеријата „Остен“ и светската изложба на цртеж.