Зорица и Бети на прошетка на скопското Кале

Од:

Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев и партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Бети Базиана, го искористиле денот за прошетка на скопското „Кале“. Заев на својот Фејсбук профил објави фотографии од двете дами, посакувајќи и добредојде на партнерката на Ципрас.

„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба со Зорица, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина“, напиша Заев.

Базиана пред прошетката на Кале, денот го искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.

Грчкиот премиер Ципрас ја сретнал Базиани во далечната 1987 година, на 13 години во средно училиште, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина. Базиани има 44 години, со Ципрас никогаш официјално не склучиле брак, живеат во вонбрачна заедница и имаат две деца.

Во јавноста чести се коментарите дека таа жената која е заслужна за неговиот политички успех. Во Грција често е нарекувана како „дамата која не носи Прада“, бидејќи не е оптеретена со модни марки и скапа гардероба.