Во врска со последните случувања и кандидатурата на Стевчо Јакимовски за градоначалник на Општина Карпош, Локалниот Клуб на Социјалдемократската младина на Македонија – Карпош официјално соопштува:
ЛК СДММ Карпош и сите негови членови цврсто и одлучно стојат на ставот на бојкот на изборите и за следење на политиките на СДСМ и претседателот Бранко Црвенковски.
Локалниот клуб на СДММ Карпош, најостро ја осудува кандидатурата на Стевчo Јакимовски и поднесувањето на негова советничка листа, со што не се почитува одлуката на коалицијата “Сојуз за иднината”.
Воедно би сакале да ја информираме јавноста дека единствен официјален профил на Локалниот клуб на СДММ Карпош е facebook профилот Локален Клуб СДММ Карпош, додека “ЛК СДММ Карпош” и “СДММ Карпош” се ЛАЖНИ профили, и преку истите се злоупотребува официјалното име и став на ЛК СДММ Карпош. За затворање на лажните профили покрената е процедура.