А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Тетово трибина за евроинтеграцискиот процес на Македонија

by А1он15/02/2013 - 19:09218
Share0

Амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ учествуваше на вечерашната трибина „Застапничка кампања за лобирање за започнување на преговори за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО” во организација на Македонско-хрватското друштво од Тетово што се одржа во големата сала на Советот на општина Тетово.

Добивај вести на вибер

Овој проект е подржан и од Генералниот секретаријат при Владата на Македонија.

– Хрватска ја подржува Македонија во нејзините обиди за влез во ЕУ и ние сакаме да ги пренесеме искуствата од нашето преговарање и веќе изодениот пат за зачленување во оваа организација, изјави Крамариќ.

За учеството на македонските војници во рамките на меѓународните мисии зборуваше командантот на тетовскиот гарнизон на АРМ, мајорот Блаже Николовски.

– Нашето учество во рамките на меѓународните мировни мисии под раководство на НАТО продолжува и сметам дека од тоа имаме корист и ние како држава, но и оваа важна политичко воена организација, рече Николовски.

На трибината присуствуваше и градоначалникот на општина Тетово, Сади Беџети.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен