Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска започна акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската општина Карпош.
Градоначалникот Богоев им се заблагодари на екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје за интервенцијата и ја истакна потребата од зголемен инспекциски надзор и контрола, за да се одржи нивото на хигиената на јавните површини во општината.
Покрај Богоев, почетокот на акцијата го означија и помошник-директорот за оперативно-технички работи, Етула Амети и директорот на студентскиот дом, Дарио Николовски.
„ЈП ‘Комунална хигиена’ спроведе неколку акции за чистење на студентските домови и универзитетите, затоа што веруваме дека студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста и здрава средина. Се надеваме дека нашите активности ќе резултираат со зголемување на свесноста за важноста на совесното и правилно одлагање на отпадот“, изјави Амети.
Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, се ангажирани десет работници, додека од механизација се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.