Социјалдемократите на Груевски му понудиле одложување на локалните избори до 28 април 2013, за да се донесат законите кои ги препорача ОБСЕ и ОДИХР, но ВМРО-ДПМНЕ одби, пишува порталот Скај.
Црвенковски на премиерот му понудил опозицијата да се врати во Парламентот, доколку Никола Груевски го реши проблемот со името, како што патем им има Груевски ветено на целата Европска Унија, а со тоа Македонија биде зачленета во НАТО и ЕУ.
Доколку ДПМНЕ го прифатела овој предлог, СДСМ најавила дека нема да бара парламентарни избори до редовниот рок во 2015.
Според информациите на Скај, ВМРО ДПМНЕ децидно одбила да го прифати овој предлог и тоа пред највисоките претставници на ЕУ.