Премиера на „Пипи Долгиот Чорап“ во струмичкиот театар

Од:

Сезоната, во која НТ „Антон Панов“ од Струмица ја одбележува 70-годишнината од постоењето, ја почнува со детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Премиерата на ова култно дело од Астрид Линдгрен е в недела на големата сцена на театарот.

Режијата е на Драгана Таневска, која ја потпишува и сценографијата. Драматизацијата е на Ацо Гогов, а костимите се на Ванчо Василев.

Насловната ролја на Пипи Долгиот Чорап ја толкува Анкица Бенинова.

„Од почетокот на подготоквите на претставата кај мене се појави едно огромно задоволство да ја креирам и играм Пипи како лик заради тоа што е многу темпераметна и живее во сопствен свет, во некои сопствени авантури кои ги има доживеано или не“, рече Бенинова.

Покрај неа во претставата настапуваат и актерите Игор Тодоров, Јулија Милкова, Ванчо Мелев, Кире Ѓоргиев и Ванчо Василев.