Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека чекорите што СДСМ ги прави, покрај тоа што прават кампања, за да ги забележат граѓаните, очекувале дека ќе создадат таков хаос и ќе извршат таков притисок за да го прифатат тоа што немало логика.
„Ние внимателно ја анализиравме целата ситуација и ги разгледавме сите можни варијанти и затоа му порачавме дека не може да очекува и не може да има договор за предвремени избори. Ако сака да ја види силата и да види колку е моќен СДСМ со него на чело и ВМРО ДПМНЕ со мене на чело, еве му ги локалните избори нека дојде да се видиме и граѓаните да си го кажат своето“, рече Груевски.
Целта на Црвенковски, рече, е да направи дополнителен хаос и сака да изработи за некој друг и тоа веќе го прави.
„Во Скопје најпознат Грк сега станува гркот Бранко, бидејки нема кој повеќе да одработи за грците отколку самиот тој. Ваква помош на грците досега никој не им пружил.Сега кога Грција неможе да ја истурка својата агенда, на сцена стапува Бранко кој одработува во вистинско време за да добиеме негативен извештај бидејки ако нема опозиција парламентот политичкиот критериум во извештајот на ЕУ не може да биде позитивен, а тогаш ЕК не може од Европскиот совет да побара на Македонија да и се даде датум за почеток на преговорите“ рече Груевски.
Се уште, рече Груевски во Охрид, Црвенковски ги лаже своите коалициони партнери.
„Им рекол не се секирајте и меѓународната заедница ќе го претисне Груевски и ќе сме кажале дека ќе има предвремени избори. Дали мисли дека може како овци да ги шиша своите коалициони партнери.Ни утре ни задутре, ни во сабота, договор за предвремени избори со Бранко нема да има“, додаде Груевски од Охрид.