Најмалку 12 луѓе се повредени во Турција, откако силно торнадо предизвика штета на два авиони на аеродром и преврте неколку автобуси.
Патниците кои чекале да се качат на авинот на аеродромот во Анталија ја снимиле силната бура како ги турка авионите и ги превртува автобусите.
Еден авион „Ербас А321-231“ на „Онур Ер“ и еден „Боинг 737-МАКС8“ на „Корендон Ерлајн“ биле оштетени од силната бура.
Освен двата авиони оштетени биле и 2 автобуси, 2 минибуси, еден полициски хеликоптер и 2 скалила.
Повредени се најмалку 12 патници кои биле во автобус, чекајќи да се качат на авион, според полицијата во Анталија.
VIDEO: A tornado sweeping across Antalya Airport, Turkey pushing around several parked aircraft. pic.twitter.com/AzYDFwpIsX
— JACDEC (@JacdecNew) January 26, 2019
– Торнадо помина низ аеродромот и преврте автобус во кој имаше патници кои чекаа да се качат на авион. Силните ветрови ги подигнаа и скалите во воздух, по што беше оштетен авион. Како резултат на тоа, најмалку 12 лица беа повредени, изјави Мунир Караоглу, од полицијата во Анталија.
? De nombreux dégâts à l’aéroport d’Antalya en Turquie après le passage de plusieurs tornades dans la région.
Dégâts majeurs sur les avions & l’infrastructure. pic.twitter.com/ir0svadHIq
— air plus news (@airplusnews) January 26, 2019
Ова е петто торнадо во турската јужна провинција во изминативе четири дена. Силните бури започнаа во средата и предизвикаа значителна штета на згради, возила и земјоделски површини.