Власта ги казни жените со патолошка бременост

Од:

Собранието ги изгласа, без опозиција и без дебата измените на Законот за работни односи.

Ниту една од жените-пратенички не реагираше на решението, вработените жени со патолошка бременост да добиваат само 70, а не 100 отсто од платата, колку што се исплаќа за време на породилното отсуство.

Овие жени губат 30 отсто од платата додека ја одлежуваат бременоста, но и кога ќе се пензионираат, оти ќе земаат помала пензија.

На ова не реагираше ниту Лилјана Поповска, која се претставува како борец за правата на жените.