Пратеничката Иванова одржа трибина во Куманово

Од:

Пратеничката, Цветанка Иванока вечерва одржа трибина со Клубот на жени од СДСМ, во Куманово.

На трибината се расправаше за актуелната политичка состојба во Македонија и за излезот од неа.
Во преполната кружна сала, во зградата на поранешен комитет покрај Иванова на прашањата од активиските и симпатизерите на опозицијата одговараа и пратеникот Оливер Спасовски, како и претседателката на ОО на СДСМ во Куманово, Снежана Захариева.

Бараме предвремени парламентарни и локални избори заедно, кога и да се. Ако нема договор за избори, тоа значи дека не е исполнет нашиот услов, меѓутоа од онолку колку што можев да ја слушнам изјавата на премиерот, тој прифаќа некои други барања кои што ги поставивме како партија. Останува раководството да разгледа ја одлуката – изјави Иванова.

Таа рече дека оваа посета во Куманово е продолжение на посетите кои изминативе шеесет дена ги прават претставниците на СДСМ, односно продолжение на отпорот на опозицијата, во врска со настанот од 24-ти декември.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ќе направи се, само да се задржи на власт, а тоа го прави секако со многуте пари кои што ги предвидува во буџетот. Им порачуваме да се вразумат, да размислат што е она што направија, да седнат, да се расчисти случајот од 24-ти декември, одговорните да поднесат одговорност и оставки за да може да се врати политичкиот дијалог во институциите на системот – истакна Иванова.