Жената која тврдеше во провладините медиуми дека била жртва на напад на денешните протести на Сојузот за иднината е всушност член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода и се вика Венера Минова.
Таа е поранешен координатор на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ во Кисела Вода и Драчево, што се гледа и од официјалната интернет страна на општината.
Минова освен како што тврди дека била нападната, таа учествувала и во нападот на студентите на плоштадот на Скопје и за неа тогаш беше поднесена пријава.
Таа е вработена во одделот за гинекологија во поликлиника Чаир, каде во 2006 година била и претседател на штрајкувачкиот одбор.
СДСМ возврати дека Минова всушност се нафрлила врз нив со пцости и навреди, а никој не ја не чепнал, а не да ја тепал. Тие рекоа дека ова се само обиди на ВМРО-ДПМНЕ да предизвика и да намести инцидент преку свои активисти.