Британската влада објави дека ќе ја намали возраста за гласање на избори од 18 на 16 години.
„Денес го исполнуваме нашето ветување и им даваме право на глас на лицата на 16 и 17 години“, напиша Анџела Рајнер од онлајн X, која агенциите ја претставуваат како второрангирана личност во владата.
„Младите луѓе веќе придонесуваат во општеството со работа, плаќање даноци и служење во војската. Сосема е природно што тие треба да можат да ги изразат своите мислења за прашања што ги засегаат“, додаде таа.
Во изборниот манифест на Лабуристите минатата година беше ветено дека ќе се намали возраста за гласање на 16 години, во согласност со правилата што веќе се во сила во Велс и Шкотска. Овие промени значат дека луѓето ќе можат да гласаат на избори низ Велика Британија од 16 години, пишува Би-Би-Си.
Овие измени се дел од новиот Предлог-закон за избори, кој вклучува и други измени во изборниот систем.
Промените, меѓу другото, вклучуваат можност за користење на банкарски картички издадени во Велика Британија – со името на гласачот – како документ за идентификација за гласање, но и заострување на прописите во врска со политичките донации, како форма на заштита од странско мешање.
Конзервативците наведуваат дека не се очекува предложените измени да бидат дискутирани во Парламентот пред септември, бидејќи сега доаѓа летниот распуст.