Во вооружен напад во американската сојузна држава Охајо, едно лице загина, неколку се ранети, а осомничениот напаѓач е уапсен, соопштија денеска локалните власти.
Нападот се случил доцна синоќа во складиште за козметика во североисточниот дел на САД, соопшти локалната полиција, додавајќи дека осомничениот бил брзо уапсен.
Полицијата соопшти дека пет лица се ранети.
Со повеќе огнено оружје отколку луѓе, САД имаат највисока стапка на смртност од оружје од која било развиена земја.