(ВИДЕО) Ескалираa протестите во Италија – судири со полицијата, затворени се училиштата

Од:

Италија денеска беше сведок на масовни протести и штрајкови во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Синдикалните организации и активисти се собраа низ целата земја, блокирајќи пристаништа, железнички станици и автопати, барајќи крај на трговијата со оружје со Израел и признавање на палестинска држава.

Работниците на пристаништата во Џенова и Ливорно ја прекинаа работата, блокирајќи пристапни патишта и пристаништа за да спречат испораки на оружје во Израел.

Во Џенова, работниците покажаа палестински знамиња и пораки за солидарност со палестинскиот народ.

Во Рим и Милано, демонстрантите ги блокираа главните железнички станици и се судрија со полицијата во Неапол. Жестоко беше во Милано. Синдикалните лидери повикаа на прекин на сите врски со Израел, вклучително и трговијата и дистрибуцијата на оружје.

Училиштата беа затворени низ цела Италија, а јавниот превоз во големите градови како Рим и Милано беше ограничен.

Синдикатите, вклучувајќи ги USB, CUB и SGB, организираа 24-часовен генерален штрајк, вклучувајќи ги и работниците во образованието, здравството и јавниот сектор. Во Рим, повеќе од 20.000 луѓе маршираа низ градот, носејќи транспаренти со натписи како „Геноцид“ и „Слобода за Палестина“.

Во Милано имаше насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Некои демонстранти се обидоа да влезат во главната железничка станица, што предизвика судири со полицијата. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Синдикалните лидери ја обвинуваат италијанската влада за инерција“ и повикуваат на конкретни акции во врска со Газа.

Италијанската влада на премиерот Џорџа Мелони, која традиционално е произраелска, се соочува со внатрешни несогласувања околу актуелниот конфликт во Газа. Иако неодамна зазеде покритичен став кон израелската политика, Италија не ја призна палестинската држава.

Демонстрантите ги обвинуваат италијанската и европската влада за геноцид во Газа“ и повикуваат на признавање на палестинска држава.