Уште една жртва на напад со нож во основно училиште во Словачка – почина ранетата ученичка

Од:

Почина ученичката која беше повредена во нападот со нож што се случи во вторникот во основното училиште во селото Сташков, во областа Чадце, соопшти во парламентот претседавачот на словачкото законодавно тело, Рихард Раши.

Таа е втората жртва на нападот, откако 61-годишна наставничка им подлегна на повредите на самото место, објави „Новини“, додавајќи дека уште една повредена наставничка е хоспитализирана.

Нападот со нож се случи во училиштето во Сташков во вторникот наутро, а осомничен е тринаесетгодишен ученик од осмо одделение, кој беше уапсен, а потоа сместен во психијатриска болница.

Во тек е кривична истрага поврзана со кривичните дела убиство и обид за убиство.

Во парламентот беше одржано едноминутно молчење за жртвите на нападот.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Словачка пронајде мртво новороденче во машина за перење

А1он