Шпанската полиција заплени 10 тони кокаин на брод што превезуваше сол

Од:

Шпанската полиција денес заплени 10 тони кокаин откако пресретна брод што превезува сол од Бразил до Европа, на отворено море.

Во операцијата за пресретнување беа уапсени 13 лица, а бидејќи бродот што шверцуваше кокаин остана без гориво, мораше да оди во пристаништето Санта Круз де Тенерифе на Канарските Острови, објавува Ројтерс.

Според извештаите, на бродот беа пронајдени 294 бали со кокаин, како и пиштол.

Во оваа акција на шпанската полиција учествуваше и Американската администрација за борба против дрога, Бразилската федерална полиција, Британската национална агенција за криминал, како и француските и португалските власти, се вели во соопштението од шпанската полиција.