Пронајден е мртов руски министер кој денеска беше разрешен од функцијата

Од:

Рускиот министер за транспорт Роман Старовоит, кој беше разрешен утрово со указ на рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов во Одинцово во Московската област, објавува Известија.

Путин, откако го разреши Старовоит, го назначи Андреј Никитин за вршител на должноста министер за транспорт.

Старовоит е задолжен за транспортниот оддел од мај 2024 година, а пред тоа беше гувернер на Курската област, според агенцијата ТАСС.

Бриселскиот портал Политико тврди дека Путин го заменил Старовоит откако Украина го загрози рускиот воздушен сообраќај.

Руската влада не даде официјално објаснување за смената на Старовоит, но промената дојде откако украинските напади со беспилотни летала за време на викендот предизвикаа хаос во рускиот воздушен сообраќај, при што патниците останаа заглавени на аеродромите поради откажани летови, според бриселскиот портал.