Пожар во Шпанија одзеде најмалку 12 животи – има и голем број на исчезнати

Од:

Во големиот пожар што избувна денес во близина на градот Лос Гаљардос, во шпанската покраина Андалузија, најмалку 12 лица ги загубија животите, а 23 лица во моментов се водат како исчезнати, објави лидерот на Андалузија – Хуанма Морено.

Морено изјави дека стотици пожарникари, припадници на армијата и полицијата се ангажирани во гаснењето на пожарот, пренесува Би-Би-Си.

Тој истакна дека четири лица ги загубија животите во еден автомобил, а се верува дека се британски државјани.

Морено рече дека пожарот најверојатно е предизвикан од паднат далновод, но компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Ендеса“ го негираше ова.

Министерот за здравство и вонредни ситуации на Андалузија рече дека тоа е „најразорниот пожар“ што регионот некогаш го видел.

Би можело да ве интересира

Пожари се шират низ Португалија

А1он

ЕУ испраќа помош за повеќе од 250.000 луѓе евакуирани поради пожарите во Франција и Шпанија

А1он