Командантот на полицијата на палестинската организација Хамас во Појасот Газа, генерал Абдел Насер Ал Макадма, е убиен денес во израелски воздушен напад.
Во друг воздушен напад, палестински здравствен работник е убиен во бегалскиот камп Нусејрат.
Палестински полицаец кој беше ранет во израелски напад минатата недела, исто така, почина денес, објавува Ројтерс.
Хамас тврди дека целта на израелските напади врз полицијата е да сее хаос и анархија и да се прекрши прекинот на огнот.
Според властите во Газа, повеќе од 1.180 Палестинци, претежно цивили, се убиени во израелски напади откако прекинот на огнот стапи на сила во октомври.
