Нетанјаху: Откриено е дека Хезболах подготвувал инвазија на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел открил заговор за напад на либански Хезболах преку подземни тунели со џипови и ракети.

Тој за францускиот „CNews“ изјави дека нападот, доколку планот успеел, ќе бил многу поштетен од нападот на палестински Хамас од Газа на 7 октомври минатата година.

„Стотици метри, двесте метри од границата, најдовме тунели, тунели во кои се подготвуваше инвазија на Израел, напад уште поголем од оној на 7 октомври“, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

„Џипови, мотори, ракети, проектили. Тие ја планираа инвазијата“, рече израелскиот лидер.

Претходно овој месец, Нетанјаху за весникот „Фигаро“ изјави дека израелската војска пронашла руска воена опрема од висока класа во магацините за оружје на Хезболах.