Две лица загинаа, а две се повредени во напад на украински беспилотни летала врз индустриски објекти во рускиот регион Самара, објави денес гувернерот Вјачеслав Федоришчев на социјалните мрежи.
Тој изјави дека целите на нападот беа енергетски објекти за складирање гориво, а дека силите за воздушна одбрана го одбија нападот, пренесува агенцијата Интерфакс.
Федоришчев потврди дека на ранетите им е пружена потребната помош и најави дека на семејствата на жртвите ќе им биде пружена целата потребна помош, вклучително и финансиска помош.
