Засолниште за животни во Западен Кејп, Јужна Африка, се соочува со необична загуба – нивниот специјален жител, овцата Беенкси, последен пат видена на 1 февруари, исчезна.
Franschhoek Police detectives are probing a case of stock theft after the world’s only painting sheep has gone missing. Farm Sanctuary SA, which is home to “Banksy” is offering a reward of R1.2 million. #smile904fmnews 📷📹: supplied pic.twitter.com/T68I15QACT
— Smile90.4 FM (@Smile904FM) February 13, 2025
Вработените нудат награда за секоја информација што ќе помогне да се најде, надевајќи се дека нивниот необичен уметник наскоро ќе се врати дома.
Оваа талентирана овца го добила името по познатиот британски уметник Бенкси, а нејзините слики не се само куриозитет – тие се извор на значителна финансиска поддршка за азилот. Нејзините уметнички достигнувања се документирани со снимки, а едно од нејзините дела достигна цена од околу 1.800 евра.
Важно е да се нагласи дека на местото каде што престојувал Беенкси нема знаци на упад, што го прави исчезнувањето уште помистериозно и отвора многу прашања за судбината на ова животно.
Тие истакнуваат дека очајнички се обидуваат да дознаат каква било информација и нудат награда од околу 60.000 евра.
„Не знаеме дали се работи за кражба или злонамерна шега. Не најдовме знаци на упад“, велат тие.
Додаваат дека наградата е голема, бидејќи загубата на Баанкси е како загуба на член на семејството, пренесува SmileFM.
Сопствениците на засолништето веруваат дека Беенкси научил да слика гледајќи го Пигас, свиња тешка 700 килограми од Јужна Африка.
„Беенкси е единствената овца во светот која знае да слика“, велат тие.