Момче од Манчестер влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи во октомври 2025 година, на возраст од само две години и 302 дена, изведе два трика во снукер.
Така, Џуд Овенс стана најмладиот човек што некогаш ги изведе овие два трика, а воедно и еден од најмладите двојни носители на Гинисов рекорд.
Таткото на Џуд, Лук Овенс, го забележа талентот и способноста на својот син за снукер дома, каде што играта му е омилено хоби.
Лук рече дека на почетокот користеше барски столчиња за неговиот син да може да биде во позиција за играње со оглед на неговата висина, додека денес, додаде тој, користат обична кујнска столица.
„Мислам дека Џуд постигна многу за краток временски период. Тој веќе собори два светски рекорди. Како може да се надмине тоа“, рече гордиот татко.

Член на комитетот за Гинисов рекорд вели дека Џуд добил посебна дозвола да се натпреварува на натпреварот во Велика Британија во 2025 година и потврди дека момчето од Манчестер е најмладата личност што има спонзор за снукер.
„Почнав да играм кога имав 10 години, но Џуд почна да игра на двегодишна возраст. Би рекол дека Џуд има многу повеќе талент од мене“, рече таткото на малиот рекордер.
Кога го прашале кој би победил на натпревар по снукер меѓу него и неговиот татко, Џуд самоуверено одговори: „Јас“.