(ВИДЕО) Моментот кога таткото дозна дека после три години, Русите го ослободуваат неговиот син

Од:

Украинските медиуми денес објавија трогателно видео од Иван Роман, татко кој повеќе од три години го чека враќањето на својот син Иван од руско заробеништво.

Младиот украински војник беше заробен во 2022 година во близина на Вухледар, и оттогаш неговиот татко не престана да се надева дека повторно ќе го види.

Според украинските медиуми, Иван Роман постариот патувал на секоја размена на воени заробеници, секој пат со истата надеж дека неговото име ќе биде на списокот на ослободени.

Денес, таа надеж конечно се оствари.

„Бранителот е ослободен од заробеништво“, гласеше пораката што ја доби таткото, а неговата реакција, снимена на камера, набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Според медиумите, таткото доаѓа на местата за размени со години, заедно со други семејства на украински воени заробеници.

Ваквите собири се вообичаени во Украина во моментот кога се појавуваат вести за можна размена, бидејќи семејствата доаѓаат со надеж дека токму тој ден конечно ќе се сретнат со своите најблиски.

За Иван Роман, тоа чекање траеше повеќе од три години. Неговиот син Иван беше заробен во една од најтешките фази од борбите на истокот од земјата, во близина на Вухледар, каде што се водеа жестоки борби меѓу украинските сили и руските сили.