(ВИДЕО) Масовна тепачка на НБА натпревар – летаа тупаници, четворица кошаркари се исклучени

Од:

Оклахома Тандер победија кај Вашингтон Визардс со 132:111, но главната приказна на натпреварот е масовната тепачка на крајот од првото полувреме.

27 секунди пред крајот на првото полувреме, Ентони Гил постигна кош за 64:68, по што Џејин Вилијамс и Џастин Шампањи влегоа во клинч.

Сведоци од трибините тврдат дека сè започна од Вилијамс, кој го удри Шампањи во лицето. Тој возврати, а потоа Аџај Мичел се приклучи на тепачката.

Ентони Гил и Кејсон Волас се вклулија и групата кошаркари заврши во публиката.

Следуваше хаотична сцена. Играчите од двете клупи се придружија и многу кошаркари се туркаа, се бореа и се удираа едни со други.

Во хаосот, некој го турна Мичел, кој падна врз снимателот, соборувајќи го и него и камерата.

Судиите, обезбедувањето и персоналот во салата едвај ги разделија страните во конфликт.

Судиите ги прегледаа снимките од конфликтот откако тепачката стивна, по што четворица играчи беа исклучени.

Кејсон Волас, Џејлин Вилијамс и Аџеј Мичел беа исклучени од тимот на Оклахома, а Џастин Шампањи заработи исклучување кај Визардс.

Би можело да ве интересира

Срушен рекорд во НБА лигата – 135 странски играчи на почетокот на новата сезона

А1он

Кевин Дурант стана најплатен НБА кошаркар

А1он

Уапсен е таткото на НБА ѕвездата на Бостон – избоде човек за паркинг

А1он

Пред 6 години ниту еден тим не го избра на драфтот, а сега е шампион во НБА и клучен играч

А1он