(ВИДЕО) Грег Попович итно пренесен во болница, му се слоши во ресторан

Од:

Му се слоши на легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович додека вечераше во ресторан во Сан Антонио, а ТМЗ Спорт пренесува детали за здравствената состојба на еден од најдобрите тренери во историјата на кошарката.

Според медиумот, 76-годишниот се онесвести, по што интервенираше Брза помош и го пренесе во болница.

На видеото до кое дојдоа американските медиуми може да се види како Попович го внесуваат во амбулантно возило на носилки пред ресторанот:

Според извори блиски до ситуацијата, Попович во моментот на влегување во Брзата помош беше свесен и комуникативен, а моментно се наоѓа дома и се опоравува.

Се верува дека инцидентот е поврзан со благ мозочен удар што Попович го доживеа во ноември минатата година. Тој веќе некое време се повлече од активна тренерска функција за да се посвети на закрепнувањето, додека помошниот тренер Мич Џонсон го заменува на клупата на Спарс.

Клубот уште во февруари објави дека Попович нема да го води тимот до крајот на сезоната.

Грег Попович важи за еден од најголемите тренери во историјата на НБА, со пет шампионски титули и олимписко злато освоено со тимот на САД во Токио во 2020 година.

Тој е и тренер со најмногу победи во историјата на НБА.

Би можело да ве интересира

Грег Попович ја заврши својата тренерска одисеја во Сан Антонио

А1он

Грег Попович не се враќа на клупата на Сан Антонио

А1он