Поранешниот фудбалер, Данецот Никлас Бентнер бил нападнат со нож во Њујорк додека се шетал со својот пријател.
Познатиот фудбалер кој имаше многу испади во кариерата и каде често беше во центарот на скандали, сега е во поинаква ситуација.
Популарниот „лорд“ бил нападнат одзади од маж кој имал нож во рацете.
Чиста среќа е што поранешниот член на Арсенал и многу други клубови излегол неповреден од ситуацијата, додека неговиот пријател се здобил со повреди на лицето и увото.
„Да, можам да потврдам дека јас сум на видеото. Можеше ли јас да бидам нападнат? Не би коментирал за тоа. Жртвата е поранешен фудбалер кој одеше со мене”, рекол Бентнер за видеото.
Бентнер во својата кариера играше за Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Нотингем Форест, Розенборг и Копенхаген.