Жоао Феликс е четвртиот најскап играч во историјата на фудбалот

Од:

Со само 25 години и не премногу импресивни перформанси за напаѓач (85 гола на 324 натпревари), португалскиот фудбалер Жоао Феликс стана четвртиот најскап фудбалер во историјата.

Имено, кога ќе се соберат сите отштети платени за португалскиот крилен напаѓач, се достигнува бројка од 240 милиони евра, што ги става пред него само Нејмар (400), Ромелу Лукаку (369) и Кристијано Роналдо (247).

Во јули 2019 година, Феликс пристигна во Атлетико Мадрид од Бенфика за 127 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Затоа прво беше позајмен на Челзи за 11 милиони евра во јануари 2023 година, а потоа продаден минатото лето за уште 52 милиони.

Тој не се наметна кај Енцо Мареска, па отиде на позајмица во Милан, кој за него плати 5,5 милиони.

Сега Челзи го продаде на Ал-Наср за 45 милиони евра.

Со тоа, го престигна фаворитот за Златната топка, Усман Дембеле, кој од Рен преку Борусија Дортмунд и Барселона се пресели во Пари Сен Жермен за вкупно 220 милиони (35 + 135 + 50).