(ВИДЕО) Историја за Швјонтек – го освои Вимблдон без загубен гем

Од:

Во финалето на Вимблдон, полската тенисерка Ига Швјонтек беше подобра од американската тенисерка Аманда Анисимова со 6:0, 6:0.

Полјачката, покрај тоа што ја освои титулата во Лондон, ќе влезе во историјата на ова натпреварување како тенисерка која ја постигна најубедливата победа во финалето.

Американката воопшто немаше шанси против енергичната противничка која фуриозно стигна до петтиот Гренд слем во нејзината кариера. Мечот траеше нешто помалку од еден час.

Ако кажеме дека мечот траеше 58 минути и заврши со резултат 6:0, 6:0, тогаш можете да разберете апсолутно сè што се случи попладнево во Лондон.

Ова финале ќе се памети како најизвесно во историјата, бидејќи Швјонтек беше толку доминантна што изгледаше како да игра против јуниорка.

Анисимова претходно ја нокаутираше најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка во полуфиналето.

Полјачката ја надигра и понижи до таа мера што на Русинката родена во Њу Џерси ќе ѝ треба долго време да се опорави од овој пораз. Пред сè, психички.

Ниту Серена Вилијамс ниту некој друг во историјата на тенисот не успеал да го направи она што го направи Швјонтек, да победи во финале на Гренд слем со 6:0, 6:0.

Би можело да ве интересира

Ига Швјонтек како „брз воз“ до женското финале на Вимблдон

А1он