(ВИДЕО) Испаднаа од лига, па тројца тинејџери го запалија стадионот на финскиот клуб Хака

Од:

Стадионот на кој настапува фудбалскиот клуб Хака го запалија тројца тинејџери, објавија локалните медиуми.

Финскиот клуб од Валкеакоски играше многу лошо оваа сезона од почеток до крај и беше исфрлен во пониските рангови на натпреварувањето.

Сето ова ги разбесни навивачите на Хака, па во ноќта помеѓу среда и четврток беше уништена цела трибина на стадионот „Техтаан Кента“.

Тројца тинејџери запалија пожар на стадионот, кој брзо се прошири, зафаќајќи ја целата трибина. Полицијата набрзо дојде на местото на настанот, но трибината не можеше да се спаси.

Хака е деветкратен шампион на Финска и овој резултат е историски лош за клубот.

Тимот од Валкеакоски освои само 17 бода во 27 натпревари и заврши на последното место на табелата на финскиот шампионат.