(ВИДЕО) Бугаринот Везенков шутна во очај од пола терен и избори продолженија за Олимпијакос

Од:

Кошаркарите на Олимпијакос го совладаа Макаби Тел Авив со 97:95 по продолжение, во рамките на 12. коло од Евролигата, одиграно во Лимасол, Кипар.

Херојот на грчкиот тим беше бугарскиот репрезентативец Александар „Саша“ Везенков, кој со неверојатна тројка од половина терен во последната секунда од регуларниот дел избори продолжение.

Олимпијакос потоа стигна до победата благодарение на тројката на Кори Џозеф кон крајот на дополнителните пет минути.

Олимпијакос губеше со 82:77 на само 16 секунди до крајот и се чинеше дека Макаби ќе победи.

Тогаш Донта Хол реализираше две слободни фрлања и ја намали разликата на три поени, а во последниот напад топката дојде до Везенков, кој шутираше речиси од половина терен. Топката помина низ обрачот, израмнувајќи го резултатот на 82:82 и обезбедувајќи продолжение.

Везенков постигна уште осум поени во продолжението, а победникот беше одлучен со тројката на Кори Џозеф во последните секунди, за конечен резултат од 97:95.

Бугарскиот кошаркар го заврши натпреварот со 37 поени.