Трагедија во Англија – навивач почина на трибините

Од:

Трагична вест доаѓа од Англија, каде за време на натпреварот во Чемпионшип, помеѓу Чарлтон Атлетик и Портсмут, на еден навивач му се слоши на трибините.

Медицинскиот тим интервенираше итно, а играчите беа испратени во соблекувалната, но потоа пристигна информацијата дека натпреварот е официјално прекинат.

Навивачот ја изгуби битката за живот.

Чарлтон официјално објави дека нивниот навивач почина по медицинска итна состојба на стадионот:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlton Athletic (@cafcofficial)

– Натпреварот против Портсмут, кој требаше да се одржи во сабота попладне, е одложен. Сите ние во клубот им упатуваме најдлабоко сочувство на навивачите, семејството и пријателите во овие тешки времиња.