Стивен Џерард ќе да му стане тренер на Миовски во Глазгов Ренџерс

Од:

Многу скромниот почеток на сезоната на Глазгов Ренџерс доведе до големи промени на клупата на шкотскиот тим, бидејќи клубот вчера го отпушти тренерот – Расел Мартин.

Поранешниот дефанзивец, кој остави најголема трага во својата играчка кариера во екипата на Норвич, беше отпуштен по само 17 натпревари.

Причината е јасна – само осум бода, со пет нерешени резултати и седум постигнати голови, што е далеку под репутацијата на клубот кој беше шампион на Шкотска вкупно 55 пати.

Затоа, одлуката на раководството речиси никого не изненади, а наследникот веќе е на повидок.

Според локалните медиуми, тимот треба да го преземе легендарниот Стивен Џерард, кој ја започна својата тренерска кариера во тој клуб, во 2018 година.

Од ова лето дел од тимот од Глазгов е и македонскиот напаѓач Бојан Миовски кој се врати во Шкотска по одличните партии во редовите на Абердин, но и по минатосезонското промашување во шпанска Жирона.

Би можело да ве интересира

Миовски четири години во шкотскиот фудбалски гигант – Глазгов Ренџерс

А1он