Станиќ на местото на Канатларовски – нов селектор на репрезентацијата до 21 година

Од:

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година. Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драган Канатларовски кој од 2021 година беше предводник на Македонија до 21 година.

Низата лоши резултати на младинската селекција се главната причина за разрешувањето на Канатларовски.

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на Драги Канатларовски за се што направи во текот на своето време во репрезентацијата и му посакуваме многу успех во иднина.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за разрешување на селекторите на македонските младински репрезентации.

Вујадин Станојковиќ е разрешен од позицијата селектор на Македонија до 19 години, генерација – 2006. Под водство на Станојковиќ во 2024 година, Македонија не запиша победа во квалификациите. Оствари три победи на пријателски натпревари, три нерешени резултати и четири порази.

Раде Каранфиловски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 17 години, генерација 2008. Три победи, десет порази и еден нерешен резултат во 2024 година.

Драган Начевски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 16 години, генерација 2009. Три победи, шест порази и еден нерешен резултат на пријателски натпревари.

Исени Иљами е разрешен од позиција селектор на Македонија до 15 години, генерација 2010. Три победи и три порази на контролни натпревари во 2024 година.