Срушен рекорд во НБА лигата – 135 странски играчи на почетокот на новата сезона

Од:

Американската професионална кошаркарска лига (НБА) објави дека на почетокот на сезоната 2025/26 ќе има рекордни 135 меѓународни играчи од рекордни 43 земји на шест континенти.

Меѓу нив има 71 кошаркар од Европа, вклучувајќи 19 играчи од Франција и четворица од Велика Британија.

НБА лигата со тоа ја започнува петтата сезона по ред со најмалку 120 странски кошаркари, а дванаесетта година по ред со повеќе од 100.

Сите 30 НБА клубови имаат барем еден меѓународен играч во својот состав.

Претходниот рекорд за број на странски играчи (125) беше забележан на почетокот на сезоната 2023/24, додека рекордот за број на земји (43) беше поставен во 2017/18.

Меѓу 71 европски играч се трикратниот MVP и шампион од 2023 година Никола Јокиќ (Денвер, Србија), двократниот MVP и шампион од 2021 година Јанис Адетокумбо (Милвоки, Грција), петкратниот учесник во Ол-стар натпреварот Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс, Словенија) и најдобриот почетник од претходната сезона, а сега Ол-стар, Виктор Вембајама (Сан Антонио, Франција).

НБА сезоната 2025/26, 80-та по ред, започнува вечерва. Шампионот Оклахома Сити го пречекува Хјустон, додека Голден Стејт е домаќин на ЛА Лејкерс.

Сезоната ќе се емитува во 214 земји на повеќе од 50 јазици.

Би можело да ве интересира

Кевин Дурант стана најплатен НБА кошаркар

А1он

Уапсен е таткото на НБА ѕвездата на Бостон – избоде човек за паркинг

А1он

Пред 6 години ниту еден тим не го избра на драфтот, а сега е шампион во НБА и клучен играч

А1он