Полицијата во Малага уапси 19-годишно машко лице поради наводни смртни закани упатени преку социјалните мрежи кон шпанскиот репрезентативец Алваро Мората (32) и неговото семејство.
Мората промаши пенал во серијата против Португалија (на 8 јуни) и со тоа Шпанија остана без титулата во Лигата на нации.
Напаѓачот на Галатасарај доби закани со смрт преку социјалните мрежи, а полицијата во Шпанија денес го уапси 19-годишното момче од Малага кое ги испрати заканите.
Два дена по објавените закани, младиот човек самиот отишол во полиција и пријавил кражба на неговиот телефон, тврдејќи дека некои непознати лица го користеле и му се заканувале на шпанскиот репрезентативец во негово име.
Сепак, полициските истражители, преку детална истрага, пронајдоа некои недоследности во приказната на подносителот на жалбата, кој всушност сакал да си обезбеди алиби.
Кога беа собрани сите докази, 19-годишникот беше лишен од слобода и против него ќе се спроведе судска постапка.