Кошаркарите на Хјустон извојуваа минимална победа над Мајами со 123-122 пред домашните навивачи во натпревар од НБА лигата што го одбележа ветеранот Кевин Дурант (37).
Кеј-Ди придонесе во победата со 27 поени, кои беа доволни тој да се искачи на петтото место на листата најдобри стрелци на сите времиња со 32.294 поени.
Дурант го надмина на вечната листа легендарниот Мајкл Џордан кој има 32.292 поени.
На челното место сè уште е активниот Леброн Џејмс со 43.241 поени, а по него следуваат Карим Абдул-Џабар со 38.387, Карл Мелоун (36.928) и Коби Брајант (33.643).
