Историја на ЗОИ 2026 – мајка и син првпат настапуваат на иста Олимпијада

Од:

Скијачката Сара Шлепер (46) и нејзиниот 18-годишен син Ласе Гаксиола испишаа историја на Зимските олимписки игри откако станаа првите мајка и син кои се натпреварувале во исто олимписко издание.

Шлепер во четвртокот го освои 26-то место во супервелеслалом во Кортина д’Ампецо, додека нејзиниот син учествуваше во велеслалом во Бормио во саботата, освојувајќи го 56-то место во првото возење.

Двајцата настапуваат под мексиканското знаме.

„Тешко е да се поверува, оваа приказна е како фантазија“, рече таа.

„За мене е успех што двајцата сме тука“, додаде скијачката.

Сара Шлепер се натпреваруваше во Светскиот куп под американското знаме 15 сезони, натпреварувајќи се во 186 трки. Таа постигна една победа во 2005 година во слалом во Ленцерхајде.

Интересно е што во таа трка славеше пред Јаница Костелиќ. Таа има две втори места и едно трето место, а на Зимските олимписки игри настапила четири пати (1998, 2002, 2006, 2010).

Откако се омажи за Мексиканецот Федерико Гаксиола во април 2014 година, таа доби мексиканско државјанство, а во јуни се врати од пензија за да го претставува Мексико.

„Никогаш не помислив дека ќе продолжам да се натпреварувам. Но, го сакам мојот спорт, ја сакам мојата земја. Пресреќна сум поради чувството да се биде Мексиканка“, додаде таа.

Под мексиканското знаме, таа настапи на Олимписките игри во 2018 и 2022 година, а сега во Милано и Кортина, а сите свои скијачки активности ги финансира сама.

„Благодарна сум што моето тело е во добра форма, никогаш во животот не помислив дека ќе настапам на седум ЗОИ, тоа беше многу посебно патување“, рече 46-годишната Шлепер.

Би можело да ве интересира

Зеленски го одликуваше дисквалификуваниот украински олимпиец кој санкаше со посебна кацига

А1он

Освои медал на ЗОИ, па јавно призна: „Ја изневерив љубовта на мојот живот“

А1он

Олимпискиот комитет му забрани на Украинец да носи кацига со фотографии од загинати спортисти

А1он

ЗОИ 2026: Женскиот хокеарски тим на Швајцарија во изолација поради норовирус

Горан Наумовски