Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се пожали на квалитетот на топката во ФА Купот.

Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот откако го совлада Плимут со 3:1.

Сити имаше 10 шута кои поминаа над голот или надвор од него. Во ФА Купот екипите играат со топка од „Mitre Sports“.

– Обично по такви удари топката оди во голот. Оваа е тешко да се контролира. Многу фудбалери и тренери зборуваат за ова со години. Кога губите, звучи како да се жалите, но таа топка не е во ред. Ова се случува во ФА Купот и Лига Купот низ годините. За ова зборувам со години. Јас го кажав моето мислење и луѓето можат да се согласат или да не се согласуваат. Победивме, па луѓето ќе бидат помеки кон мене. Топката во Лигата на шампионите е исклучителна, топката во Премиер лигата е исклучителна, но оваа топка не е многу добра – изјави Гвардиола.

Противник на Сити во четвртфиналето ќе биде тимот на Борнмут.

Би можело да ве интересира

Гвардиола ѕвездата на Бундеслигата ја гледа како наследник на Де Брујне

А1он

Гвардиола потврди: Халанд е тешко повреден

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он