Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

Од:

Фудбалскиот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим има минимални шанси да го победи Реал Мадрид во претстојниот осминафинален реванш од Лигата на шампионите, но дека и покрај тоа ќе се обидат да постигнат добар резултат.

Во првиот натпревар кралскиот тим победи со 3:2 по големиот пресврт на крајот.

– Разликата со која е неопходно да се победи на „Сантијаго Бернабеу“, на таа позиција, сите знаеме дека ако пред почетокот на натпреварот прашате какви се нашите шанси за напредување, тоа ќе биде еден процент. Ќе биде минимално, но се додека имаме шанса ќе се трудиме, тоа е сигурно – изјави Гвардиола, а пренесува „ЕСПН“.

Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид со 2:3 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен, откако поведе со 2:1.

Реваншот во Мадрид е закажан за в среда од 21 часот.

– Шансата е мала бидејќи резултатот не беше добар, да останеше 2:1 ќе беше поинаку. Со 2:3 шансите се помали, но се додека имаме шанса ќе се обидеме да ја искористиме, па ќе видиме што ќе се случи – додаде Гвардиола.

Манчестер Сити обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите со тоа што првата фаза ја заврши на 22. место со 11 бодови по осум одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Гвардиола ѕвездата на Бундеслигата ја гледа како наследник на Де Брујне

А1он

Крај на една ера – збогување на Де Брујне

А1он

Гвардиола потврди: Халанд е тешко повреден

Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

А1он

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

По 10 години Кевин де Брујне си оди од Манчестер Сити

А1он