Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат. Арсенал има предност од 7 бода пред Манчестер Сити, кој утре во 16 часот има „зицер“ против Вулверхемптон.
Арсенал, за разлика од својот сегашен најголем ривал во Премиер лигата, има многу тешка задача против Манчестер Јунајтед, големото дерби се игра во недела во 17:30 часот, а Пеп Гвардиола мудро го префрли притисокот врз Микел Артета и Арсенал.
Шпанскиот стратег вели дека Арсенал сега е најдобриот тим во светот.
„Апсолутно. Арсенал е најдобриот тим во светот во моментов. Погледнете ја Лигата на шампионите, погледнете ја Премиер лигата. Погледнете ги куповите. Тие се најдобриот тим сега и се надевам дека ќе бидеме блиску и ќе продолжиме да се подобруваме. Се надевам дека ќе ни дадат шанса да ги стигнеме“ – рече Пеп Гвардиола.