Гркот Постекоглу не знае за победа со Нотингем Форест – 100 години не се случи вакво нешто

Од:

Навивачите на Нотингем Форест бараат отказ на менаџерот Ангелос Постекоглу, помалку од три недели по неговото доаѓање.

Нотингем беше поразен со 3:2 од данскиот Митјиланд на домашен терен во Лигата на Европа, што значи дека дури и по шест натпревари, Постекоглу не знае за победа како тренер на Форест.

Покрај тоа, тој е првиот постојан менаџер на Нотингем Форест во последните точно 100 години кој не постигнал победа во првите шест натпревари на клупата на тимот (четири порази).

„Навивачите се разочарани. Тие имаат право на свое мислење. Го слушнав нивното мислење“, коментираше Постекоглу.

Пред само четири месеци, Постекоглу го крена трофејот на шампионската титула во Лигата на Европа, прв освоен со Тотенхем по 17 години, а прв во Европа по 41 година.