Грег Попович не се враќа на клупата на Сан Антонио

Од:

Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович оваа сезона најверојатно нема да се врати на клупата на Сан Антонио Спарс.

Таа информација ја пренесе новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија.

Попович се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во ноември минатата година.

Неговата иднина останува неизвесна, оттогаш е надвор од тимот на неодредено време, а информациите за неговата состојба се ограничени.

Самиот Грег Попович не се огласува од декември, а последно е познато дека легендарниот тренер работи на опоравување.

Ова е уште еден удар за Спарси откако неделава го загубија талентираниот центар Виктор Вембањама во остатокот од сезоната поради длабока венска тромбоза на десното рамо.

Со 76 години и во својата 29-та сезона како тренер на Спарс, Попович е најстариот тренер во НБА.

Тој беше петкратен шампион во НБА, го држи рекордот за најмногу победи во историјата на лигата, три пати беше прогласен за тренер на годината и беше примен во Куќата на славните во 2023 година.

Сан Антонио моментално има скор 24-30 и нема многу шанси да се бори за место во плејофот.

Би можело да ве интересира

Грег Попович доживеа мозочен удар

Грег Попович се повлекува од клупата на Сан Антонио поради здравствени проблеми

А1он

Грег Попович стана првиот тренер во историјата кој бил 2 000 натпревари на чело на еден тим

А1он

Поповиќ остана верен на себе и го пофали Ѓорѓевиќ, но не му одговори

Виктор Јованов