Грег Попович ја заврши својата тренерска одисеја во Сан Антонио

Од:

Грег Попович повеќе не е тренер на Сан Антонио, пренесува Шамс Шаранија, а медиумите ширум светот ја пренесуваат ексклузивката на познатиот спортски инсајдер.

Како да не биде кога веста не е обична, завршува една неверојатна „врска“ од 29 години.

Eден од најдобрите НБА стручњаци во историјата на најсилната лига во светот го предводеше тимот од Тексас. А можеби ќе го предводеше уште една сезона ако неодамна не доживеа мозочен удар, на 76 години. Сепак, тоа не значи дека тој целосно се разделува со своите сакани Спарс, ниту дека тие ќе го испраќаат во мирна пензија.

Според споменатиот извор на информации, Попович во иднина ќе ги надгледува клучните сектори на франшизата како што се: финансиите, маркетингот, односите со јавноста, продажбата на билети… Со еден збор, тој ќе се грижи за се, бидејќи знае се за клубот, подобро од кој било друг. И го обожава и има енергија за деловни „проширувања“.

Попович во тренерските редови влезе на 24 години, по кратката играчка кариера, а во Спарс првпат стана асистент во 1988 година, а четири години подоцна таа работа ја заврши во Голден Стејт. Се до 1996 година, кога стана главен тренер на Сан Антонио и започна фасцинантна одисеја. Со белег во форма на 5 шампионски титули.

Три пати беше тренер на годината, а четирипати главен тренер на Ол-стар натпреварот.

Во својата улога како тренер на кошаркарската репрезентација на САД, освои злато на Олимписките игри во Токио 2021 година и бронза во Атина 2004 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грег Попович итно пренесен во болница, му се слоши во ресторан

А1он

Грег Попович не се враќа на клупата на Сан Антонио

А1он