Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген и неговата сопруга Даниела решија да се разведат по осум години брак.
Во оваа прилика, парот објави заедничка изјава на Инстаграм.
„Јас и Дани решивме секој да си тргне по својот пат, откако добро ќе размислиме. Оваа одлука не беше лесна, но и двајцата веруваме дека е најдобро. Ќе се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца и ќе се обидеме да им обезбедиме здрава животна средина“, се вели во соопштението.
Скандалите никогаш не се поврзуваа со нивниот навидум хармоничен брак, па веста за разводот ја шокираше јавноста.
Иако побараа приватност од јавноста и медиумите, брзо почна „копањето“ во нивниот приватен живот, па шпанските медиуми открија дека главната причина за разводот е наводната прељуба на атрактивната Даниела.
Сопругата наводно го изневерувала славниот Германец со нејзиниот личен тренер, дознал Тер Штеген, па тој решил да го напушти семејниот дом и моментно престојува во хотел во Барселона.
Марк и Дани се заедно од 2012 година, а во 2017 година решија да се венчаат. Тие имаат две деца, синовите Бен (5) и Том кој неодамна го прослави својот прв роденден.