Голема промена во фудбалот, се однесува на голманите

Од:

Правилата на фудбалот ќе се променат за следната сезона бидејќи голманите ќе добијат ново оружје за манипулација.

ИФАБ одлучи ако голманот ја држи топката во раце повеќе од 8 секунди, нема да добие жолт картон, ниту слободен удар за противникот – туку ривалот добива корнер.

Судиите ќе имаат тајмер од пет секунди кој ќе биде видлив.

Во Премиер лигата минатата сезона топката беше во игра 59 минути од минималните 90 (плус надополнувањето), па ќе биде интересно да се види како тоа ќе се одрази на самата игра.